(Видео) Вил Смит со пародија за колапсот на социјалните мрежи собра еден милион лајкови

Целосниот колапс на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Вацап“ вчера допре до голем број корисници. Колку многу ги допре, покажува видеото на актерот Вил Смит, кој откако сфати дека му проработел неговиот „Инстаграм“ објави видео на кое може да се види неговата реакција.

Неговата снимка е прегледана пет милиони пати, а на секој петти преглед следел по едне лајк, па собрал над еден милион.

„Фејсбук“ вчера со часови не беше возможно да се објавува или обновува статуси, на „Инстаграм“ имаше проблеми кога ќе се рестартираше страната, но и испраќањето пораки, исто како и на „Месинџер“. „Вацап“ јавуваше проблем кај сите, кои се обидуваа да испратат медиумски запис, односно фотографија или снимка.

https://www.instagram.com/p/Bu-GHzMhLTh/?utm_source=ig_web_copy_link

Треба да знаете
Последни објави