Вчера на крстосница од улиците „Антон Попов“ и „Дренак“ во Скопје, патничко возило „Гранд Чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(53) од Скопје удрило во 12-годишно дете – пешак од Скопје, кое се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.