Намален е водостојот на сите реки каде врши мерења Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во однос на просекот за март.
Под месечниот просек се водостоите на Вардар кај Јегуновце, Железнички мост Скопје, Велес и Демир Капија, а значително се пониски и водостоите на Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Пелинце и Катлановска бања, Бабуна кај Богомила, Брегалница кај Штип, Струмица кај Ново Село, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.
Во рамки на просекот се нивоата на Дојранското, Охридското и Преспанското Езерo.