Tурскиот министер за одбрана, Хулуси Акар изјави дека испораката на авионите Ф-35 се очекува во ноември.
– И покрај одредени изјави, процесот за Ф-35 тече по планот. Нашите пилоти и тимот за поддршка продолжуваат со обуката во САД, истакна Акар.
Според него, подготовките за инфраструктурата во Малатија се завршени.
Анкара планира да купи сто воени авиони од типот Ф -35 од САД.