Туск: ЕУ би можела да одобри „долго” одложување на Брегзит

Претседателот на Советот на Европска Унија, Доналд Туск денеска изјави дека можно е да се одобри „долго” одложување на Брегзит, во последен обид да ја убедат британската премиерка Тереза Мај да ги смени нејзините црвени линии во преговорите.

За време на консултациите пред Самитот на ЕУ следната недела, Туск наведе дека „ќе побара од 27 земји членки на ЕУ да бидат отворени за „долго” одложување ако Лондон оцени дека е потребно да ја преиспита својата стратегија за Брегзит и да изгради консензус за тоа.

Треба да знаете
Последни објави