При денешната експлозија на гасвод во југозападен Иран загинаа едно дете и една жена.
Огнот зафатил и еден автобус, еден камион и едно приватно возило. Се уште не е познат бројот на повредени.
Експлозијата се случи на нафтоводот што ја поврзува мрежата за гас од Махшара до Аваз.
Исто така се уште не е позната причината што довела до експлозија на гасоводот.



