Поранешниот конгресмен од Демократската партија во САД, Роберт (Бето) О’Рурк објави дека ќе се кандидира за претседател на изборите во САД во 2020 година.
Демократот вчера испрати порака до локалниот телевизиски канал во Тексас, Ти-Ес-Ем, во која ја потврди веста дека ќе се бори за претседателската номинација на Демократската партија.
О’Рурк не беше многу познат надвор од неговиот роден град Ел Пасо пред изборите минатата година кога се соочи со сенаторот Тед Круз од Републиканската партија. Нему му недостигаа само три отсто од гласовите за да го порази Круз во држава која традиционално ги поддржува републиканците