Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со членовите на Државната изборна комисија (ДИК).
На средбата присуствуваше и делегација од Секретаријатот за европски прашања, а таа се одржа во рамките на институционалните посети поврзани со имплементацијата на реформите од планот 18.
„Државната изборна комисија претставува вистински репрезент на спроведувањето на реформските обврски од секој аспект имајќи ги предвид измените на законот, но и новиот состав на Комисијата, беа преземени обврски со реформските планови, кои беа навремено исполнети и најважно, во исклучително инклузивен процес, со политички консензус меѓу власта и опозицијата“, истакна Османи.
Во овој контекст тој потенцира дека улогата на ДИК во исполнувањето на обврските на земјата е од особено значење со оглед на претстојните претседателски избори бидејќи само фер, слободни и веродостојни избори ќе ја потврдат институционалната зрелост на земјата.