Кандидатот за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова, денеска се сретна со уметници и актери со кои разговараше за актуелните случувања во областа на уметноста.
„Се сретнав со наши уметници и актери. Загрижени се од сите скандали во Министерството за култура. Јас ви гарантирам дека како претседател ќе воспоставам еден основен принцип владеењето на право да важи за сите и секаде“, рече Силјановска-Давкова.
Таа им вети на уметниците и актерите дека по победата за претседател, ќе почне уривањето на заевизмот, кој сè повеќе им нанесува штета на граѓаните на Република Македонија. А со самата победа над заевизмот, рече таа, ќе дојдат подобри времиња за граѓаните, но воедно и за уметниците и актерите.