Поранешниот конгресмен од Тексас, демократот Роберт Бето О’Рурк (46), соопшти на „Твитер“ дека се кандидира на претседателските избори кои во 2020 година ќе се одржат во САД.
Бето О’Рурк е од ирско потекло, а течно говори шпански јазик и е поранешен панкер и басист.
„Ова ќе биде позитивна кампања, која настојува да го извлече најдоброто од секој од нас“, изјави О’Рурк во видеопост на својот „Твитер“.
Како што пренесе АП, тој ветил дека во следниот период ќе патува низ земјата за да ги сослуша избирачите, а потоа ќе отиде во Ел Пасо, на границата со Мексико, каде што на 30 март официјално ќе ја почне кампањата.
Американските медиуми се заинтересираа за О’Рурк минатата година, кога како влезе во трката за сенатор од страната на демократите. Противник му беше републиканецот Тед Круз, кој го победи за два отсто гласови.