Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.
Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
Во следните денови ќе имаме период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури, кои во недела и во првите денови од следната седмица на повеќе места ќе бидат над 20 степени. Минималните температури тогаш ќе се позитивни.