Извештајот на Стејт Департментот е доказ за политичкиот прогон во земјава, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Притворањето на Митко Чавков со лажна службена белешка и измислени обвинувања, два дена пред изрекување на пресудата е преседан за правото. Притворањето и начинот на шиканирање во притвор на голем број граѓани е политички притисок. Кацарска судството и Русковска обвинителството е симбол на заробено правосудство, кое е само алатка на власта за извршување на политички нарачки“, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата додава дека Македонија има потреба од функционална правна држава, а за тоа е потребно победа на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори за победа над СДСМ.