Чавков доби 18 години затвор, Дурловски ослободен

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за крвавиот четврток. Митко Чавков доби 18 години затвор, Душко Лазаров 15, Горан Ѓошевски-Леви 15 , Митко Пешов 15, Оливер Поповски 13 , Мунир Пепиќ 15 , Абдуљфета Алими 7 , Оливер Радулов 10 , Јане Ченто 15 , Игор Југ 12 , Александар Василевски-Нинџа 8 , Никола Митревски-Кољо 15 , Младен Додевски 12, Горанче Ангеловски 12 , Влатко Трајковски 15 и Вилијам Михајловски 14, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок, а Игор Дурловски се ослободува од обвинение, одлучи Кривичниот суд во Скопје

Случајот го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Кацарска при објавата на пресудата рече дека настаните на 27 април не смееле да се случат.

-Не смееше да се случи крвавиот четврток.Сликите од тепањето ќе останат запаметени во сеќавањето, рече таа.

Кацарска рече дека имало срамно однесување на полициски службеници кои наместо да ги спречат насилниците, биле неми набљудувачи и се шетале низ Собранието. Судијката рече дека на снимките јасно се гледа кој ширум ги отворил вратите да влезе толпата во Собранието. Судијката ги цитираше поединечно дејствијата на обвинетите и рече дека биле сослушани доста сведоци, биле презентирани снимки и записи од кои се виделе дејствијата на обвинетите.

Обвинителството побара за Чавков, Додевски, Ченто, Југ, Трајковски, Кољо и Нинџа да биде продолжен притворот поради реална опасност за бегство, како и да им се одреди притвор на другите обвинети.

Д.В.

Треба да знаете
Последни објави