Герет Бејл игра катастрофална сезона во дресот на Реал Мадрид во која има запишано само седум лигашки погодоци на 21 средба.
Велшанецот се вклопи во сивилото на целиот тим на „кралевите“ во изминатиов период, па се погласни беа шпекулациите дека тој би можел да си замине од Реал Мадрид во летниот преоден рок.
Во интервју за радио,агентот на Бејл, Џонатан Барнет зборуваше околу тоа дали неговиот клиент ќе остане во Мадрид или ќе си замине на лето.
– Го гледам Бејл во Реал и следната сезона, зошто да не. Тој сака да ја помине целата кариера во Реал Мадрид, но ако не му оди, ќе разговараме повторно. Во овој момент тој е многу среќен и зборува со Зидан. Ќе видиме што ќе се случи на крајот на сезоната.
– Бејл сакаше да игра на еден начин, а Зидан сакаше да игра на друг начин, тоа беше причина за нивното несогласување во минатото. За одреден период стана уште полошо, – заклучи Барнет кој не ја исклучи можноста Велшанецот да си замине од Реал Мадрид