Меѓународната терористичка група Исламска држава зајакнува во северниот дел на Авганистан, а тоа претставува голема закана за регионалната безбедност на земјите членки на Шангајската организација за соработка (СЦО), изјави денеска претседателот на Советот на регионални антитерористички структури (РАТС) и првиот заменик директор на Федералната безбедносна служба на Русија (ФСБ) Сергеј Смирнов.
– Терористичките групи ги интензивираа своите субверзивни и терористички активности и ги зацврстија своите позиции во северните покраина на Авганистан. Вооружените инциденти на границата се се почести. Земајќи ги во обѕир загубите што ИД ги претрпе во Сирија и во Ирак, сега мора да бара начини за креирање на нови упоришта на калифатот. Посочи Смирнов по состанокот на Советот на РАТС во Ташкент.
Тој додаде дека зајакнувањето на ИД во северен Авганистан може да претставува голема закана по регионалната безбедност во блиска иднина.
– Групите означени како терористички, вклучително ИД, талибанското движење, Исламско движење на Узбекистан и други се најголема закана во тој регион и претставуваат клучен фактор за дестабилизација на просторот на Шангајската организација за соработка, наведе Смирнов.