Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе се соочат еден против друг по 39-ти пат, откако двајцата се квалификуваа за полуфиналето во „Мастерс” турнирот во Индијан Велс.
Швајцарецот го елиминираа Хуберт Хуркач од Полска со 6:4, 6:4, а Рафа имаше малку потешка задача против рускиот тенисер Карен Хачанов – 7:6 (2), 7:6 (2).
И двете легенди на светскиот тенис не изгубија сет од почетокот на турнирот. Тие не се сретнале на теренот во последниве 16 месеци, а актулениот баланс помеѓу двајцата е 23:15 во корист на Матадорот. Сепак, последните пет натпревари ги освои Маестро.
Дваесет и две-годишниот Хуркач отстрани тројца носители за да стигне до своето прво четвртфинале на турнир од АТП 1.000. Сепак, немаше многу шанси за неговиот идол од детството.
– Тоа беше вистинска лекција за мене. Роџер беше едноставно совршен во клучните моменти, призна Полјакот по мечот
Самиот Федерер пак го прокоментира дуелот против својот најголемривал во кариерата во полуфиналето.
– Против Рафа ќе биде многу тешко. Тој е во добра форма и сака да игра тука. Кога е здрав, натпреварите против него се вистински тест. Не можам да сметам на фактот дека она што ми донесе успех последниот пат, ќе ми заврши работа и сега, рече Федерер.
Во другиот полуфинален дуел ќе се сретнат со Милош Раониќ и Доминик Тим.