Австралиецот Бренрон Тарант (28) кој го изврши масакрот во Нов Зеленад денеска беше изведен пред судот во Крајстчрч под големи мерки за безбедност.
Пред судот се собраа десетици луѓе за да го убијат Австралиецот. Еден од нив, се обидел да влезе во зградата на судот, вооружен со нож и изјавил дека сака да го убие Тарант, кој е обвинет за терористички напад, пренесуваат локалните медиуми.
Судот е затворен за јавноста од безбедносни причини, а случувањата околу судот ги надгледува полициски хеликоптер.
Во терористичкиот напад што се случи вчера во две џамии во Нов Зеланд загинаа 49 лица.