Главниот обвинител на државата Њујорк, Летиша Џејмс, рече дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да биде казнет со 5,6 милиони долари. Нејзиниот мотив е дека Трамп ја искористил својата хуманитарна фондација за поддршка на неговата изборна кампања.
-Трамп ја навел фондацијата постојано да влегува во трансакции кои се само-тргувани и да ги координираат незаконско со неговата претседателска кампања, рече Џејмс, повикувајќи се на внатрешните имејли во хуманитарната организација како и поднесоци на владата.
Џејмс, која е претставник на Демократската партија, тврди во тужбата поднесена во четвртокот дека американскиот закон дозволува парична казна еднаква на двојниот износ од 2,8 милиони долари за бесплатна медиумска покриеност, добиена од Трамп според неа, за настан, што ги преминал границите помеѓу добротворната организација и политика.Во 2016 година Трамп не отиде на предизборен настан во Ајова и наместо тоа во истото време органзиирал собирање донации кои потоа фондацијата би ги доставила на хуманитарни органзиации што се занимаваат со помош на воени ветерани.