Пентагон смета дека руската армија ќе биде поразена во случај на напад врз Балтикот или Балканот, пишува руското издание „Военое обозрение”.
Генерал Кертис Скапарати, кој ја предводи Европската команда на САД во извештајот до Конгресот, вели дека влијанието на Русија на Балканот постојано се зголемува во изминатите месеци.
Генералот истакна дека е загрижен за руската програма за модернизација на војската. Во исто време, тој верува дека силите на САД и НАТО на источната граница на Европа значително ја надминуваат руската армија, а таа може брзо да биде поразена ако Москва преземе агресивен напад врз балтички или балкански региони.
Шефот на Европската команда пред Конгресот изјави дека е повеќе загрижен за „вмешувањето на Русија на Балканот”.
Загрижен сум за Балканот и за зајакнувањето на штетното влијание на Русија во изминатата година, вели Скапароти.
Всушност, според генералот, руските „кампањи за дезинформации и поддршка за маргинални, анти-владини и анти-нато групи во некои балкански земји” се интензивираат во изминатите шест до осум месеци.
Според американскиот генерал, руската влада се обидува да ја искористи таквата тактика за да ја одврати Црна Гора од пристапувањето во НАТО или да го спречи тоа, но обидот е неуспешен. Истите чекори Русија, исто така, ги превзема во Северна Македонија која наскоро ќе се приклучи на НАТО.
Високиот воен претставник објасни дека стабилноста на Балканот е секогаш под закана. Но, интервенцијата на Русија може да доведе до фактот дека „луѓето ќе изгубат надеж” желбата за членство во НАТО ќе се намали.