На социјалните мрежи се појави снимка од човек кој влегол во зградата на РТС со фантомка на глава и со моторна пила. Кадрите биле забележани кога лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ со група демонстранти упадна во зградата на јавниот сервис, барајќи некои од претставниците на опозицијата и протестите да бидат гости во Дневникот.
Откако не го послушаа барањето на полицијата мирно да ја напуштат зградата, жандармеријата ги исфрли демонстрантите. Според министерот за внатрешни работи, приведено е само едно лице коу со нога удирало полицаец, но не е познато што се случило со демонстрантот со моторната пила.
Ne znam jesi li već video ali neki idiot jeste upao sa testerom
(Istine radi kažem, o Bujketu sve najgore i ovom prilikom) pic.twitter.com/UeB5juugpa
— Lana Avakumović (@antifragilna) March 16, 2019