Фудбалерите на Џенова го изненадија Јувентус и им го нанесоа првиот пораз сезонава во Серија А, во 28. коло од шампионатот, со резултат од 2:0, голови што ги постигнаа двете замени на тренерот Чезаре Прандели. Шампионот настапи без Роналдо, но Џенова очигледно не му лежи на Јувентус, со оглед на тоа дека во првиот меч во Торино одиграа 1:1.
Головите беа постигнати во второто полувреме, откако во првиот дел по консултација со судиите од ВАР собата арбитерот не досуди пенал за домаќините. Во вториот дел на идентичен начин беше поништен голот на Дибала поради офсајд. Дваесетина минути пред крајот во игра влегоа Пандев и Стуаро, двоец кој го реализираше првиот гол за домаќините по асистенција на Македонецот. Пандев погоди со одлиен удар и во 80 минута за конечен резултат.
-Неверојатно е чуството да постигнете гол пред трибината на која се најверните навивачи на Џенова. Нашите навивачи ни дадоа огромна поддршка, кога го постигнав голот имав чуство дека целиот стадион се тресе. Знаеме да одиграме одлично против големите клубови, таков беше случајот и денес. Су Куаме соработуваме одлично, поседува големи квалитети, изјави Пандев после неговиот фантастичен настап.
Денешниот погодок на Пандев против Јувентус беше трет оваа сезона во италијанското првенство.