Во текот на вчерашниот ден непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св. Богородица” во селото Ранковце.
Според информациите од СВР Куманово, на 16 март 2019 година околу 9.10 часот во полициското одделение во општина Ранковце било пријавено дека непознато лице извршило кражба.
-Сторителот со употреба на сила влегол во внатрешноста на црквата и одземал пари. Исто така, било пријавено дека во периодот од десет до единаесет часот претходниот ден непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св. Параскева” во селото Радибуш. И во оваа црква сторителот влегол насилно по што одземал поголема количина пари, информираат од СВР Куманово.
Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на двата случаја.