Кошаркарите на „Њујорк Никс“ славеа во интересна завршница против „ЛА Лејкерс“ со 124:123 на спектакуларен начин во Медисон Сквер Гарден.
Јунак на победата беше Хрватот Марио Хезоња, кој во последниот напад му залепи „банана“ на Леброн Џејмс и им донесе триумф на домаќините. Хезоња на блокадата додаде 17 поени, осум скока и две украдени топки.
Сепак, „Никси“ и понатаму се на дното на табелата во источата конференција ссо 14 победи и 56 порази. Ништо подобри не се ниту „Лејкерси“ кои нема да играат плеј-оф сезона што за Леброн е биде прв пат во изминативе 13 сезони.
HEZONJA BLOCKS LEBRON TO WIN pic.twitter.com/g2sxUFomR9
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 17, 2019