Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје од вчера попладне до утрово до 1 часот спровела акциска контрола на подрачјето на Скопје со цел откривање и санкционирање на диви тркачи.
Сообраќајците казниле 34 возачи. Од нив 19 возила биле упатени на вонреден технички преглед поради зголемена бучавост, а 15 се упатени на вонреден технички преглед поради поставени фолии без атест. Од возилата што се упатени на вонреден технички преглед поради зголемена бучавост, четири мотоцикли се задржани во полициска станица.
По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, кон возачи преземени се вкупно седум мерки за сторени сообраќајни прекршоци.
МВР во наредните денови ќе продолжи со засилени контроли со цел санкционирање на оние што ги кршат законите и ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот.