Поранешниот легендарен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс редовно упатуваше критики на адреса на Жозе Мурињо додека Португалецот беше предводник на клубот од Манчестер.
Сколс работејќи како стручен коментатор јавно го напаѓаше Мурињо, а контроверзниот стратег конечно ја дочека приликата да му се одмазди.
Откако помина само 31 ден на клупата на Олдам Атлетик, Пол Сколс се најде на „тапет“ кај Мурињо кој сега работи како стручен коментатор во Англија.
– Пол Сколс ме критикуваше додека бев менаџер на еден од најдобрите светски клубови. Тој сега беше тренер на Олдам само 31 ден. Подобро за него е да се врати во студио, – гласеше коментарот на Жозе Мурињо.