Оваа посна и вкусна салата можете да ја подготвите како брз и едноставен оброк. Богата е со протеини, но и омега-3 масни киселини.
Состојки:
Конзерва туна
Конзерва грав
Кромид
Марула
Лимон
Сол, бибер
Маслиново масло
Подготовка:
Исцедете ја туната од маслото, а гравот исплакнете го под млаз вода и исцедете го.
Кромидот исецкајте го на тенки парченца, марулата исецкајте ја по желба и во чинија за сервирање измешајте ги гравот, туната и кромидот.
Исцедете сок од лимонот, помешајте го со маслиново масло и прелијте ја салатата. Промешајте и зачинете со сол и бибер.
Уживајте во вашата салата.