Обвинителството ја расчистува сообраќајката во која загина мотоциклист кај Градско

Јавното обвинителство – Велес ќе ја расчистува сообраќајната несреќа што се случи вчера кај наплатната рампа Градско во која загина 30-годишен мотоциклист од Скопје.
Сообраќајката се случи околу 16.40 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, на оддалеченост од 6,5 километри по мостот Виничани, се случи сообраќајка  во која учествуваше комбе и двајца мотоциклисти. Комбето „мерцедес спринтер“ со швајцарска регистарска ознака што го управувал 74-годишен и двајца мотоцикли се движеле во ист правец.  Во еден момент едниот мотоцикл со голема брзина го престигнал комбето, а веднаш потоа другиот мотоцикл се удрил во комбето од што возачот паднал на коловозот, бил исфрлен на просторот помеѓу банкините кои го раздвојуваат автопатот и починал на самото место.

„Дежурниот јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес извршија увид на местото на настанот. Фиксирани се и пронајдени траги и предмети. Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за вонреден технички преглед на возилата кои учествувале во незгодата- комбето и мотоциклот. Издадена е и наредба за проверка на крв и урина кај возачот на комбето и за  обдукција на починатото лице, кое било на возраст од 30 години. Во текот на вршењето на увидот земени се првични  изјави од возачот на комбето и од мотоциклистот кој бил учесник во сообраќајот истовремено со сега починатиот, а со кој заедно се движеле паралелно со патничкото моторно возило“, информираат од Обвинителството.

ОЈО Велес во континуитет презема и други дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот.

Треба да знаете
Последни објави