По повод одбележувањето на Светскиот ден на рециклирањето, невладината организација за екологија „4SELECT“ денеска го промовираше проектот „Лулка-за чиста Матка“, во којшто учествува и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје. Проектот е насочен кон заштита на животната средина во населените места на кањонот Матка и течението на реката Треска. Во рамките на денешниот хепенинг, на оваа локација беше покренат и TrashTag, а нашите најмлади сограѓани со музички перформанс испратија порака за спас на планетата Земја.
„ Со задоволство ја прифативме иницијативата за учество на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во проектот „Лулка-за чиста Матка“. Нашите екипи веќе започнаа со расчистување на дивите депонии на терен и ќе продолжиме со спроведување активности за собирање и селектирање на отпадот, со цел да се заштити зелената зона на споменикот на природата „Кањон Матка“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.