На 17.03.2019 околу 04.30 часот на булевар „Борис Трајковски” во Скопје, во автосервис настанал пожар во кој биле зафатени патничко возило „БМВ “, сопственост на О.Т.С.(27) и патнички возила „Шкода Фабија” и „Фолксваген Фургон”, двете сопственост на приватна фирма, кои биле делумно опожарени. Пожарот бил изгаснат од екипи од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен е увид.