Промоција на првиот лет Охрид- Малме – од новиот договор со Визер
Минстерот за транспорт и врски Горан Сугарески и координаторот за операции во ТАВ Македонија, Неџат Курт, присуствуваа на промоција на првата авио линија Малме- Охрид на аеродромот Св. Апостол Павле- Охрид.
Во своето обраќање министерот Сугарески истакна дека оваа линија е дел од договорот за финансиска поддршка меѓу Министерството за транспорт и врски и Визер, што беше потпишан во месец Јануари годинава за воведување на нови авиолинии.
“Сакам да најавам дека овој месец ќе се воведат четири нови дестинации и тоа: две дестинации од Охридскиот аеродорм, оваа линија што денеска ја промовираме од Малме, како и уште една кон Милано. Визер најави дека ќе воведе вкупно 8 нови линии. Очекувам дека вака поставените политики ќе ги оправда нашите очекувања и ќе го зголеми бројот на туристи, а воедно ќе овозможи нови европски дестинации за граѓаните. Веќе ги имаме првите резултати кои покажуваат зголемување на бројот на патници во првите два месеци од годинава и тоа за 4,2 проценти вкупно на двата аеродроми или за 46 проценти повеќе само на Охридскиот аеродрм, споредено со минатата година која пак знаете беше рекордна година. Очекувам дека таквот тренд на зголемување на бројот на патници дополнително ќе го има и во наредниот период, со оглед на новите линии од Визер”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.