Во исчекување на новите цени на бензините, кои од денеска можат самостојно да ги одредуваат големите трговци, но кои не приредија никакви ценовни шокови, граѓаните беа изненадени со нови цени на цигарите, дознава 24 Инфо.
Читател на 24 Инфо ни испрати фотографија од фискална сметка на која се гледа новата цена на цигарите „Марлборо голд“, кои ги купил во тобако во Аеродром, кои до вчера чинеа 140, а денеска се продаваат по цена од 150 денари.
Информацијата за поскапувањето на цигарите ја потврдија и повеќе трговци, сопственици на трафики. Дознаваме дека се поскапени цигарите од брендовите „Пал мал“, Честерфилд“, „Ориентал“, „Марлборо“ и „Бонд“. Новите цени се повисоки за 5 до 10 денари во зависност од брендот.