Обвинение за разбојникот што ограби мобиларница на Бит Пазар

ОЈО Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе обвинение против осомничен за кривичното дело разбојништво и тешка кражба.

Истрагата утврдила дека осомничениот на 23 јануари годинава обвинетиот заедно со уште едно лице, влегол во продажен салон на оператор на мобилна телефонија во близина на Бит Пазар и насилно и заканувајќи се дека ќе го убие вработениот, одзел 96.500 денари.

Обвинетиот претходно ја разгледал поставеноста на безбедносните камери и проверил колку вработени се присутни во продажниот салон, а потоа се обидел да украде изложен мобилен телефонски апарат, но притоа се вклучил безбедносниот звучен аларм.

Во тој момент обвинетиот излегол од продавницата и го натерал другото лице кое било со него да се заменат со јакните. Дополнително маскиран со качулка и марама, се вратил во салонот и извадил пиштол со кој му се заканил на вработениот, побарал од него да ја отвори касата и ги одзел парите.

Истражната постапка за овој настан за кривичното дело разбојништво беше отворена и против лицето кое го придружувало обвинетиот во критичниот момент, но надлежниот јавен обвинител донесе наредба за запирање на истрагата откако во текот на постапката не беа пронајдени докази кои упатуваат на тоа дека ова лице било соизвршител во разбојништвото.

„Два дена по разбојништвото во непосредна близина на казино во Бутел, обвинетиот со употреба на сила и сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на една оштетена и одзел паричник во кој имало лични документи и 200 денари. Притоа вербално и се заканувал за да ја принуди да му ги даде парите. Со ова тој сторил кривично дело тешка кражба. Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител предложи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка притвор“, информираат од ОЈО.

Треба да знаете
Последни објави