Меј ќе побара одложување на брегзитот

Британската премиерка, Тереза Меј, денеска или утре ќе упати писмо до претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, во кое ќе побара одложување на брегзитот, објави нејзиниот портпарол.

„Главните министри во владата на Тереза Меј се сретнаа денеска со премиерката и околу 90 минути разговараа за брегзит“, рекол портпаролот.

На состанокот станало збор и за изјавите на претседателот на Долниот дом на британскиот парламент, Џон Беркоу, кој вчера рече дека британската влада мора да го смени дговорот за брегзит со Европската Унија пред да се гласа повторно за него во парламентот.

Тој рече дека владата не смее да поднесе ист или претежно ист договор кој парламентот го одби минатата недела.

Најверојатно 27. членки на ЕУ се спремни следната недела на самитот во Брисел да ѝ дозволат на Британија да го продолжи рокот за брегзит за неколку недели, ако пред тоа не биде усвоен договорот на Меј.

Велика Британија би требало да ја напушти Унијата на 29 март.

Треба да знаете
Последни објави