Мајката на Адриен Рабио, која што воедно е и негов агент, Вероника Рабио, проговори за моменталната ситуација на нејзиниот син во ПСЖ и ја спореди со заложништво.
На Рабио му било забрането да тренира со првиот тим на ПСЖ откако одбил да преговара за продолжување на договорот, а 23-годишниот фудбалер нема заиграно за парискиот клуб од 11-ти декември.
„Можам да ви кажам дека тој многу лошо се чувствува поради сето ова што му се случува“, изјави Вероника Рабио и додаде:
„Адриен е затвореник. Дури и ПСЖ го држи како заложник. Ова опкружување е сурово“, изјави Вероника Рабио.