Попладне зголемување на облачноста и услови за дожд, од петок стабилно време

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во крајните јужни и југоисточни делови ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во горниот тек на Повардарието и на североисток повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

И утре на повеќе места ќе има зголемена облачност, ќе продолжи да дува умерен североисточен ветер, а дневната температура дополнително ќе се намали за 2 до 3 степени.

Во крајните југоисточни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Во петок, како и за време на викендот ќе биде стабилно, а температурата повторно ќе биде во пораст.

Треба да знаете
Последни објави