Пратениците од Парламентот на Казахстан ги усвоија амндманите на Уставот на земјата со што престолнината Астана се преименува во Нурсултан, во чест на првиот претседател Нурсултан Назербаев.
Преименувањето на главниот град е на предлог на новиот претседател Хашим-Жомрат Токаев во чест на Назербаев, кој беше на власт 30 години, уште од времето на Советскиот сојуз.
Астана на казахстански јазик означува „главен град” и го носи тоа име од 1998 година, веднаш откако владата се префрли таму од Алмати, најголемиот град и трговски центар во земјата. Градот Астана бил основан во 1824 година под името Ал Мола, а од 1830 година Акмола.
Казахстан е најголемата држава во светот без излез на море, а деветта најголема држава во светот по површина со своите 2,724,900 километри квадратни.