По инцидентот со Јанакиески и Ристовски во Шутка, сменети правилата во затворот

Казнено-поправната установа Затвор Скопје во најкус можен рок ги реализирала задачите дадени од Управатa за извршување на санкциите по инцидентите во одделението за притвор кои се случија на 21 февруари годинава, утврдил контролниот стручно-инструкторски надзор извршен во петокот, по усна наредба на Директорот на Управата за извршување на санкциите.

При надзорот бил изготвен записник и разговорор со директорот на КПУ Затвор Скопје, Ѓоко Котевски, кој, посочил дека во најкус можен рок било постапено и реализирани се задачите.

Надзорот покажал дека на сите шеталишта е поставено дополнително рефлекторско осветлување со што е овозможено подолго користење на истите во текот на денот, а поставена е и нова безбедносна мрежа на истите. Истовремено, со продолженото користење на шеталиштата овозможено е движењето на чист воздух на притворените лица да се спроведува на начин што лицата од секоја притворска просторија се сами на шеталиштето, односно не се мешаат со притворени лица од други простории.

Со оглед на фактот дека за реализација на наредбата за зголемено присуство на службените лица во време додека притворениците се наоѓаат во шеталиште, е потребен дополнителен број на припадници на затворската полиција, директорот со наредба ги задолжил оние припадници на затворската полиција кои имаат задача да го извршуваат спроводот на притворените и осудените лица, откако ќе ги завршат овие работни задачи, задолжително да се ангажираат од страна на дежурниот командир на смена на работи и работни задачи во притворското и затвореното одделение на установата.

Доделени се дополнителни задолженија на командирите на смена и нивните заменици во затворската полиција по кои треба да постапуваат при приемот на новодојдени осудени и притворени лица кои според нивна проценка претставуваат ризик по безбедноста на КПУ Затвор Скопје, а исто така наредено им е и детално евидентирање на настаните во одделението за притвор.

За детално истражување на случувањата од 21 февруари, Котевски формирал комисија за испитување на причините кои довеле до случување на настаните и како резултат од работата на оваа комисија, директорот претходно донел решенија за дисциплинска санкција за некои од припадниците на затворската полиција, додека против други дисциплинските постапки сеуште се во тек.

 

 

Треба да знаете
Последни објави