Шпанскиот весник,објави листа со потенцијалните засилувања на Реал Мадрид и меѓу фаворитите на штотуку вратениот Зинедин Зидан го вброи и плејмејкерот на Јувентус Миралем Пјаниќ, еден од најважните играчи на Масимилијано Алегри.
На истата листа играчи кои конкурираат за позицијата играч за врска во „кралскиот клуб“ се и Тијаго Алкантара и Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Италијански медиум тврди дека интересот на Зидан за Пјаниќ е сериозен и дека Французинот е убеден во квалитетите на репрезентативецот на БиХ.
За 28-годишниот Пјаниќ тоа би било трансфер на кариерата, иако во првакот на Италија е клучен фактор во организација на играта.
Во „старата дама“ игра веќе трета сезона и на пат е да ја освои третата титула првак на Италија. Во 135 натпревари за Јувентус постигнал 19 голови.