Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека економските потешкотии се најголемиот проблем на Иран.
-Се зголемија проблемите, кои луѓето ги имаат поради средствата за живот, особено во последните неколку месеци, истакна Хамнеи во снимената телевизиската порака по повод персиската Нова Година.
Тој додаде дека „економијата е најтешкиот и суштински проблем на земјата”.
На слабеењето на иранската економија влијаеше минатогодишната одлука на САД да се повлечат од меѓународниот нуклеарен договор со Техеран и повторно да ги вратат острите санкции кон Иран.
Иранскиот претседател Хасан Рохани во денешното обраќање, исто така, говореше за економските проблеми и американските санкции.
-Проблемите почнаа со оние кои го прекршија ветувањето, рече иранскиот претседател, но додаде дека решението за проблемите,сепак, е во рацете на Иран.
Персиската Нова Година се слави како национален празник. Шиитското малцинство го слави празникот со посета на храмови.