Андов од новинарите разбрал дека книгата му е забранета за продажба

Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов од новинарите разбрал дека неговата книга „До атентатот и по него” е забранета за продавање. Основниот суд Скопје-2 донесе одлука за времена мерка, забрана за продажба на книгата по тужбата на Љубомир Фрчкоски за повреда на неговите лични права, односно за клевета во врска со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.

-Ова е преседан, неочекуван преседан, не зборува добро за состојбите и за атмосферата во земјата. Досега не се случило судот да забрани книга. Досега не сум помислил дека може да се случи вакво нешто, рече Андов.

Треба да знаете
Последни објави