Кога ќе дојде пролетта, немате никаква причина да не ги поминете сите денови во прекрасни фустани на кои долго време чекавме.
Денеска ви предлагаме да ја погледнете галеријата полна бели фустани кои можете да ги носите за разни пролетни свечености, а ќе најдете и некој модел што сигурно ќе ви одговара.Станува збор за безвременски модели почнувајќи од едноставни свилени фустани на преклоп, па сè до впечатливи со огромни карнери.
Иако белата боја навидум е едноставна, истата остава голем впечаток, па така со било кој од овие фустани ќе бидете во центарот на вниманието каде и да се појавите. Голем дел од познатите дизајнери, но и high street продавниците веќе имаат голем број модели во оваа шармантна боја, па ако сè уште немате нешто бело во вашиот плакар, сега е време за инспирација.