Во Тријепча, на спомен-комплексот нападнатите борци од НОБ и жртвите на фашистичкиот терор од областа Пипер, Црна Гора, осамна кукаст крст, пишува подгоричка „Побједа“.
Спомен-комплексот во Тријепча е подигнат во 1967 година и е обновен во 2001 година.
Подгоричкиот весник пишува дека исцртувањето на злокобниот симбол под кој се извршени најстрашните злосторства во историјата на човештвото, на споменик на патриотите кои го дадоа животот во борбата за ова зло да се победи, претставува шамар на антифашистичката, слободарска и граѓанска Црна Гора.
Но, како што велат тие, тоа е уште една потврда дека војната со неофашизмот сè уште не е завршена.