Католичкитте цркви во Франција се почесто се мета на подметнување пожари, вандализам, сквернавење на светите статуи и уништување на Евхаристијата. Нападите се случуваат од почетокот на годината, пренесува РТ.
Црквата „Сан Сулпис“ во Париз, каде што беше снимен филмот „Кодот на Да Винчи”, била запалена веднаш по пладневната миса во неделата, пишува „Ле паризиен”. Пожарникарите и полицијата велат дека пожарот бил подметнат.
Во февруари, статуа на Дева Марија од 19 век беше искршена во католичката црква „Св. Никола“ во Хуи. Црквата пријавила три инциденти за 10 дена, а во еден од нив крс бил фрлен на подот од страна на вандалите.
Во катедралата „Сен-Алан“ во Лавур биле искршени статуи и крстови, а во февруари изгореа олтарските платна. Оштетно било и распетието Христово на кое вандалите ја свиткале едната рака на Исус . Двајца тинејџери подоцна биле уапсени поради вандализмот.
Во меѓувреме, црквата „Нотр-Дам дез енфантс“ во Ним била ограбена во февруари, а вандалите со човечки измет исцртале крст на ѕидот. Осветената причесна од безквасен леб, за кој католиците веруваат дека е телото на Исус Христос, била пронајдена расфрлани надвор со ѓубрето.