Главниот осомничен за нападот во Утрехт призна дека го извршил нападот во кој беа убиени тројца луѓе, објави обвинителството во Утрехт.
„Маж на возраст од 37 години, утрово пред истражниот суд ги призна казнените дела за кои се товари“ соопшти обвинителството, додавајќи дека изјавил дека делувал сам.
Во нападот, загина 19-годишна девојка и двајца мажи на возраст од 28 и 49 години, сите со потекло од Утрехт. Во нападот повредени се седуммина луѓе, вклучително и тројца потешко.
Гокмен Танис, роден во Турција, во понеделникот почнал да пука во трамвај во западниот дел на градот.