На плоштадот „Македонија” во Скопје денеска и утре ќе се одржи „Пчеларски саем на Македонија”.
На штандовите ќе бидат изложени мед и пчелни производи од државата, а ќе има и штандови со пчеларска опрема.
Саемот се одржува првпат во последните 30 години, а главен покровител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Домаќин на дводневниот настан е Град Скопје, а организатор Пчеларската федерација на Македонија.