Најмалку четири лица загинаа, а 31 се повредени при експлозија на две подметнати бомби за време на прославата на Денот на земјоделците во градот Лашкар Гах во јужната авганистанска провинција Хелманд.
Како што соопшти локалната полиција, меѓу повредените е и гувернерот на Хелманд, Мухамед Јасин Кан.
Засега никој не презеде одговорност за нападот.
Ваквите напади се честа појава во Авганистан и вообичаено за нив одговорност преземаат талибанците или авганистанскиот огранок на џихадистичката група Исламска држава (ИД)