Измамен скопјанец за 10.000 денари

На 22.03.2019 година во 13,00 часот во СВР-Скопје В.М.(78) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10,00 часот во неговиот дом дошло непознато лице кое  се претставило дека бил брат на кумот на неговиот син и му побарал 10.000 денари, бидејќи итно му требале да плател царина за роба. Пријавителот заедно со лицето отишле во банка за да извади пари и откако му ги дал, лицето заминало.. Пријавителот подоцна телефонски исконтактирал со неговиот син по што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави