ВМРО-ДПМНЕ е конфузна, прво тврдат дека нема доволно матични лекари а, потоа го напаѓаат Министерството затоа што отвора работни места за млади лекари кои решиле да останат во државата. Ова го велат од СДСМ како реакција на изјавата на Маја Славева која денеска обвинидека Филипче го интересира само што е можно подобро да се згрижат роднините на партиските функционери.
Од владејачката партија прашуваат што има ВМРО-ДПМНЕ против тоа да се вработуваат млади лекари во јавното здравство. Исто така, појаснуваат дека процесот, за кој обвинуваат од опозициската партија, е спроведен транспарентно со почитување на сите законски процедури.
„За разлика од нив кои го урнисаа здравствениот систем и ги понижуваа здравствените работнци, Владата предводена од СДСМ отвора можности за сите лекари да останат тука да работат. Со измената на Законот за здравствена заштита, од оваа година за првпат во нашата земја, секој млад лекар ќе добие шанса да се ангажира во системот на јавно здравство“, стои во партиската реакција.
Во неа се додава и дека значајно се зголемени платите на сите здравствени работници, докторите, медицинските сестри и останатиот немедицински персонал, а, како што се вели, зголемувањата на платите продолжуват и оваа година.