Неколку илјади приврзаници на руската Комунистичка партија се собраа во Москва протестирајќи против државната политика и критикувајќи ја корупцијата и зголемувањето на цените.
Комунистичката партија ги повика Русите да протестираат низ целата земја поради новите закони за кои сметаат дека се репресивни, како и поради сѐ полошиот животен стандард.
Противниците на Кремљ оценуваат дека руската Влада ја интензивира репресијата врз своите противници поради падот на популарноста на претседателот Владимир Путин и растечките економски тешкотии во земјата.
Путин оваа недела потпиша два контроверзни закони, еден, кој им овозможува на властите да ги блокираат или да ги казнат медиумите на интернет кои поставуваат „лажни вести”, а другиот се однесува на казнување за непочитување на државните симболи.