Тускиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека светски познатата Аја Софија, која денеска е музеј, повторно би можела да стане џамија. Тускиот лидер ова го најави одговарајќи на новинарско прашање дали постои начин турските граѓани бесплатно да ја посетуваат Аја Софија.
,,Веднаш до неа е Сината џамија, а туристите од сите вери можат да ја посетуваат бесплатно. Таква можност би требало да има и тука”, рече Ердоган.
Оваа изјава, која би можела да предизвика бурни реакции ширум светот, доаѓа неколку месеци откако што највисокиот суд во Турција одлучи дека истанбулскиот музеј Аја Софија не ќе може повторно да стане џамија. Аја Софија е еден од најпознатите споменици на културата. Изградена е во 6 век за време на владеењето на царот Јустинијан. Прво служела како црква, а по отоманското освојување на Истанбул во 1453 година станала џамија. Од 1935 година е музеј.